Познат идентитетот на загинатите во хеликоптерската несреќа, ќерката на Вишаи не е меѓу нив


По повеќе од еден ден од хеликоптерската несреќа конечно стигна потврда дека сите патници загинале, покрај претседателот на клубот Вишаи Шривадханапрабха животот го загубиле уште четворица.
Во недостиг на официјални информации медиумите шпекулираа дека заедно со сопственикот на Лестер, Вишаи Шривадханапрабха била и неговата ќерка, но за среќа не е така.

Полицијата во Лестер излезе со соопштение во кое ги откри имињата на петте загинати.

Покрај претседателот на клубот, Вишаи Шривадханапрабха, загинале двајца негови соработници Нурсара Сукнамаи и Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свафер и патничката Изабела Розе Лехович.

При падот на хеликоптерот ниту едно други лице кое било надвор од леталото не е повредено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1