Според познатиот климатолог, професорот Џејсон Бокс, од Геолошката служба на Данска и Гренланд, доколку само дел од јагленот кој се наоѓа на дното на Арктикот се ослободи и влезе во атмосферата, на планетата и се заканува исчезнување.
Неговото тврдење е реакција на на извештајот на Универзитетот во Стокхолм, во кој се наведува дека од дното на Арктик се ослободуваат огромни количини метан. Метанот е одговорен за создавање на ефектот на стаклена градина и глобално затоплување.
Орјан Хустафсон, еден од научниците кои што го откриле и снимиле метанот, вели дека сите се изненадени од ова откритие. Тие претходно имале сознание дека метанот „испливува“ од дното на океанот, но сметале дека тоа е само предупредување.
Но шведските научници ги виделе меурите на површината и ги снимиле, а секако и ја утврдиле концентрацијата на опасниот гас, била за 10 до 50 пати поголема од нормалната.
Denesen.mk