Познат музичар само се сруши на сцена додека го изведувал својот најголем хит (Видео)


Американскиот рок музичар Марвин Ли Ајдеј попознат како Мит Лоуф колабирал на сцената во текот на концертот во канадскиот Едмонтон.

Инцидентот се случил во четвртокот, а на почетокот на неделата го откажал настапот во Јава и Калгари под изговорот дека 68-годишниот музичар е болен.mit-louf-foto-profimedia-1466152845-930797

Креаторот на хитот „Bat Out of Hell“ колабирал за време на изведувањето на песната „I’d Do Anything for Love“, го испуштил микрофонот и паднал на сцената.

Мит Лоуф по паѓањето бил префрлен во болница, а неговата здравствена состојба не е позната.

Успешниот музичар и по 40 години од објавувањето на албумот „Bat Out of Hell“ продава по 200.000 примероци годишно, а досега успеал да продаде дури 43 милиони примероци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1