Ѕвонимир Властиќ (64), сликар од Белград ја убил вчера својата сестра Светлана Властиќ (62) исто така позната уметничка.
Тој ја усмртил со секира која била зариена во нејзината глава, а потоа се обидел и себе да се убие така што себе си, си го прескол вратот и вените на рацете.
Семејната трагедија се случила во нивната семејна куќа. Брзта помош го згрижила Ѕвонимир, а потоа со придужба на полиција бил пренесен во Ургентниот центар каде е хоспитализиран.
Како што дознава српски Ало, по злостосторството сликарот најпрво го повикал синот, а потоа и поицијата. Според непотврдени информации, раните кои Ѕвонимир си ги нанел на себе биле површински, и тоа не ја исклучува можноста дека сакал само да симулира самоубиство. Мотивот поради што дошло ова злосторство се уште се утврдува.