Јург Хосли тврди дека Новак е психички зависен од здрава исхрана која во наредниот период може да му ја уништи не само кариерата, туку и животот. Новак долго време е на специфичен режим на исхрана која подразбира воглавно конзумирање на билки, и потполно исклучување на внесување на месо во организмот.
– На Новак Ѓоковиќ колку му се дивев на теренот, на неговиот стил и начин на движења… А потоа слушнав за неговиот план потполно да го промени начинот на исхрана и се запрашав колку ли ќе издржи. И еве, сега ги гледаме последиците на неговото пореметување во исхраната. Таа врста на пореметување не е само анорексија или булимија, постои и болест наречена орторексија која наизглед делува како здрава исхрана. И поради тоа Новак не е свесен за последиците, напишал Хосли на социјалните мрежи.
Потоа и додал:
– Ѓоковиќ практикува диета која одбегнува шеќер во целост, но колку и да делува добро, тоа е многу штетно по неговиот организам. Повремено спортистот почнува да чувствува голем замор, има воспаление, алергии, интолеранција. Тој е подложен под стрес, спие се помалку и помалку, за на крај со помош на апчиња успева да потоне во сон.
Тој е се поисцрпен психички и неопходни му се анализи. Ги губи врските со пријателите и смејството, се чувствува се по нервозно и му се јавуваат чидни мисли, предупредува Хосли.
Докторот нагласува дека опоравувањето е возможно ако Новак полека се враќа на нормланата исхрана. – Неопходно е да почне повтроно со внес на јаглерохидрати и шеќери, но постепено за да се навикне организмот, рекол тој.