Познат уличен музичар го силувал 7- годишното девојче од Охрид?!


Обвинителството побара притвор за 73 годишниот педофил, кој сексуално нападнал 7-годишно девојче од Охрид.

Грозоморниот настан се случил завчера додека детето се враќало од училиште по ул. „Св.Климент Охридски“, во стариот дел на Охрид.svr ohrid

-Старецот го повикал девојчето и извршил полови дејствија врз него. 32 годишната мајка го пријавила настанот во полициската станица во Охрид. Неофицијално лицето од Скопје е уличен музичар познат на јавноста, објави Канал 5.

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување на истражна постапка против сторителот за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот го сторил делото на 6 јуни во центарот на градот, каде извршил други полови дејствија врз оштетеното дете. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител до основниот суд – Охрид поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1