Позната македонска ракометарка се бори за живот – паднала од 5 кат


Шокантна вест доаѓа од таборот на ЖРК Вардар, откако македонската репрезентативка Робертина Мечевска паднала од петти спрат, па во моментов се бори за живот во Ургентниот Центар во Скопје. Долгогодишната членка на нашиот национален тим не се појавила на денешниот тренинг на „вардарки“, кој бил прекинат веднаш штом се дознало што всушност се случило со Мечевска, јавува Сител.

handballme.me

handballme.me

Шокантниот настан се случил пред нејзиниот стан во скопската населба Острово, од каде Мечевска веднаш била пренесена во Ургентниот Центар во Скопје. Барем засега не се познати околностите под кои се случила оваа несакана случка.

Робертина Мечевска во кариерата има настапувано за неколку македонски екипи, а од минатиот месец стана членка на ЖРК Вардар во обид да помогне тимот да стигне до европската круна.

Со повеќе детали за оваа немила случка ќе ве информираме во периодот што следи, штом истите станат достапни за јавноста.robertina-mecevska-zrkvardar-576x450

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1