Два милиони евра отштета за две семејства чии бебиња беа заменети во породилиште


По 20 години откако две бебиња беа заменети од невнимание во инкубатор во една клиника во Кан, на југот на Франција, денеска нивните семејства добија оштета од 1,88 милиони евра за претрпените трауми.

– По толку години, конечно, грешката е признаена, реагираше на ИТеле, Софи Сопрано, една од мајките на бебињата. Таа притоа вели дека и олеснило по пресудата, бидејќи спротивната страна, семејството на другото бебе ја сметаше за делумно одговорна за грешката.bebe-gaza

Судската борба за признавање на грешката траеше десет години. Основниот суд од Грас, ја осуди Меѓународната Клиника од Кан (Клиника Журдан) и нејзината осигурителна компанија да плати отштета поради претрпена штета како последица на исполнување на обврска за постигнување на резултат.

Клиниката и осигурителната компанија ќе треба да платат по 400.000 евра за секое од заменетите деца, 300.000 за тројцата родители и по 60.000 евра за трите браќа и сестри.

Семејствата побараа многу повеќе оштета, дури 12 милиони евра кога ја поднесоа тужбата.

Приказната започна на 4 јули 1994 година, кога Софи Серано се породи и донесе на свет едно девојче кое се вика Манон. Погодена од бебешка жолтица, таа е ставена во инкубатор со УВ лампа, заедно со едно друго бебе, кое се раѓа ден подоцна. Подоцна од невнимание една негувателка ги заменува и им ги дава погрешните бебиња на родителите.

Двете мајки изразуваат уште тогаш сомневања за бебињата, со должината на нивната коса, но персоналот ги убедува дека тоа е поради УВ лампите.

Родителите ја откриваат грешката на персоналот кога Манон има десет години. Таткото бара ДНК тестови за да се докажи неговото таковство, погоден од фактот дека неговата ќерка не личи на него, што предизвикува и тензии во семејството, обвинувајќи ја сопругата за неверство. По тестот и мајката открива дека не е нејизната биолошка мајка.

Се отвора истрага за да се пронајде другото семејство. Првото сознание дека три новороденчиња имале жолтица во клиниката, едно машко и две женски бебиња.

Откако се открива другото семејство, кое е со потекло од островот Реунион, двете семејства по првпат ги гледаат своите биолошки деца сега на возраст од десет години, без притоа да побараат размена.

Манон, една од девојките по судењето изјавува дека „тоа е тежок и чуден момент, се наоѓаш пред една жена која ти е биолошка мајка и за тебе таа е непозната“.

Двете семејства не се дружат меѓу нив, едно од семејстваа на Софи и Манон избраа јавно да зборуваат за нивниот случај, другото избра анонимност.

Еден од адвокатите на клиниката грешката за рамената на бебињата ја фрли во негувателката која била според адвокатот „хронична алкохоличарка“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1