Причината за нејзината смрт ќе биде позната по аутопсијата. Телото на манекенката било пронајдено во кадата во станот кој го делела со своето момче – хокеарот Јакуб Петрузалек. Катерина била пронајдена од својот брат, кој се загрижил откако таа не му кренала на телефон. Покрај нејзиното, ги пронашол и телата на двете нејзини кучиња.
Петрузалек, со кој манекенката била пет години во врска, за времето на нејзината смрт бил во Русија, каде што игра во хокеарскиот клуб Јекатеринбург. Нетолицка се занимавала со манекенство десет години, работела за “L’Oreal” и “Prada”, а покрај тоа имала и успешна кариера во кикбокс.
Нејзините пријатели рекле дека и покрај успешната кариера, таа била често депресивна и склона кон самоповредување.
Портпаролот на чешката полиција, Лумила Светлакова, рекла дека причината за смртта е непозната и дека полицијата побарала да биде извршена аутопсија.