Познатата пејачка го очекува првото дете на 50 години


Сестрата на кралот на поп музиката Мајкл Џексон, Џенет Џексон која на 16 мај полни 50 години е бремена со нејзино прво дете.

Еден извор го потврди овој податок за „Entertainment Tonight“ иако самата пејачка ова не го објави јавно.djenet djekson

Минатиот месец, Џенет објави дека ќе ја стопира турнејата, а се шпекулираше дека тоа го направила поради болест. Но подоцна Џенет објасни дека причината е дека ќе основа семејство со сопругот Висам Ал Манор.

– Наеднаш дојде до промени. Мојот сопруг и јас планираме проширување на семејството и ве молиме да разберете дека ова ми е многу важно сега, рече тогаш Џенет на фановите.

Пејачката тајно се омажи со бизнисменот Ал Ману (41) во 2012 година, но бракот во тајност беше до 2013 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1