ВИП проституцијата царува и во Скопје, пишува Либертас. Еден рецепционер во еден скопски хотел за Либертас сведочи како многу позанти водителки и манекенки биле редовни посетители за една вечер.
Момчето вели дека доста често додека бил на смена се случувало да види некое познато телевизиско лице кое иако со темни очила за сонце или шешир се обидуваат да го сокријат својот идентитет, барале соба која претходно била резервирана од странски државјани или пак од богати бизнисмени од Македонија.
Според него, дамите од повисоката класа или девојките од „А класа“ се задржуваат во хотелската соаба околу еден час и половина и тоа најчесто во ноќните часови, но има и такви кои доаѓаат и преку ден. Цените на услугите на девојките од „А категорија“ се движат од 300 до 500 евра од вечер.