Сите 39 земји кои во мај ќе се натпреваруваат за Песна на Евровизија во Малме, избраа свои претставници, а засега само е познато кој во кое полуфинале ќе настапува.
Во првото полуфинале настапуваат претставникот од Данска Емели де Форест со песната „Only teardrops“, хрватската група „Клапа с мора“ со песната „Мижерија“, Украина ќе ја претставува Злата Огнјевич со пената „Gravity“, Холандија Анаук и песната „Birds“, Австрија, Наталија Kели која ќе ја изведе композицијата „Shine“, Словенија Хана Манцини со песната „Straight into love“, Естонија, Биргит Игемел со нумерата „Et uus saaks alguse“, а Русија, Дина Гарипова со песната „What if“.
– Something“ е наслов на песната на претставникот на Литванија на Андријус Појавис, потоа „Љубовта е насекаде“, која ќе ја испеат претставничките од Србија, Невена, Мирна и Сара („Моје 3“), Ирска ја претставува Рајан Долан со песната „Only love survives“, Белорусија, Аљон Ланскај и песната „Solayoh“ и Кипар, Деспина Олимпија „An me thimase“, Црна Гора бендот „Who See feat“ Нина Жижиќ со песната „Игранка“, Белгија, Роберто Белароса „Love kills“ и Молдавија Алјона Мун со песната „O mie“.
Втора полуфинална вечер
Во второто полуфинале настапуваат претставници од Летонија групата „PeR“ со песната „Here we go“, Азербејџан, Фарид Мамадов „Hold me“, Малта, Џанлука Бецина и композицијата „Tomorrow“, Исланд Ејдоур Инги Гинлаугсон со песната „Eg a lif“, Сан Марино – Валентина Монета и композицијата „Crisalide“, Македонија, Есма & Лозано „Пред да се раздени“, Финска, Криста Сикфридс „Marry me“ и Бугарија, Елица и Стојан со песната „Само шампиони“.
„Rak bishvilo“ е наслов на песната на израелската претставничка Моран Мазор, за Норвешка пее Маргарет Бергер, а насловот на песната е „I feed you my love“, претстаници од Албанија се Адријан Љуљѓурај и Бледар Сејко со песната „Идентитет“, Унгарија ја претставува „ByeAlex“ со песната „Kedvesem“, Швајцарија Такаса бенд и песната „You and me“, Грузија, Софо и Нодико со „Waterfall“, Грција групата Коза Мостра и Агатонас Јаковидис со композицијата „Alcohol is free“, Ерменија Гор Суџијан со песната „Lonely planet“ и Романија Чезар со песната „It’s my life“.
Директни финалисти
Директни финалисти се Велика Британија, која ја претставува Бони Тајлер со песната „Believe in me“, за Франција ќе настапи Амандин Буржуа со композицијата „L’enfer et moi“, за Германија групата Cascada, која ќе ја изведе композицијата „Glorius“, Италија ја претставува Марко Менгони со композицијата „L’essenziale“, Шпанија, групата El suejo de Morfeo со песната „Contigo hasta el final“ и Шведска, Робин Шернберг со нумерата „You“.
Во првото полуфинале своите песни ќе ги претстават 16, а во второто полуфинале 17 земји.
По десет пласирани од полуфиналето, ќе се натпреваруваат во финалето со директните финалисти на земјите на големата петорка, Франција, Германија, Велика Британија, Шпанија, Италија и домаќинот Шведска.
Со претходна жребка одлучено е Велика Британија, Шведска и Италија да гласат во првото полуфинале, додека Франицја, Германија и Шпанија ќе гласаат во второто.
За разлика од минатите години, кога конечниот редослед на настапување во полуфиналето и во финалето е одредуван со жребка, овој пат тоа ќе го направат продуцентите за шоуто да биде поинтересно.
После минатогодишното откажување пред почетокот на натпреварот, поради политички причини, Ерменија оваа година се враќа на евровизиската сцена.
Полска, Чешка и Андора ни оваа година не покажаа интерес за учество, Монако и Луксембург имаат нерешени сопственички односи во јавниот сервис, додека Лихтенштајн се уште нема статус на активен член во Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
Поради, како што велат, „фаворизирање на одредени земји“, Турција се повлече од Евровизија.
Честа да биде домаќин на Евровизија, на Шведска минатата година и ја донесе Лорин со песната „Еуфорија“.
На Шведска тоа и беше пета победа, а до сега победувале во 1974,1984,1991 и 1999 година.
Натпреварување за 58. Песна на Евровизија ќе биде одржано на 14.16. и 18 мај.
Mia