Познатиот светски готвач Рене Реџепи ќе готви во Охрид?


Еден од најпознатите светски готвачи Рене Реџепи кој е сопственик на најдобриот ресторан во светот „Нома“, се очекува да дојде на охридската ривиера во текот на 2015 година. Од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид велат дека контактите со овој престижен готвач ги направиле во рамки на Проектот за развој на туризмот, кој го реализираат со помош на специјализираната агенција на Обединетите нации „УНИДО“.g_renegotvac

-Ние веќе имаме потпишано договор со „УНИДО“ и работиме на Проект за развој на езерскиот и винскиот туризам. Во рамки на делот за развој на езерскиот туризам веќе се направени работилници и обуки за бармени и баристи. Следно што сакаме да направиме е воспоставување на сертификати за сомелиери, а  како главна цел во рамки на овој проект е рализирање на идејата да го донесеме Рене Реџепи, како гостин на факултетот. Контактот е веќе воспоставен преку претставниците на „УНИДО“ и чекаме секој момент информација за тоа кога познатиот готвач има слободен термин во својата агенда, во текот на наредната година, појаснува професорката Ангела Василеска од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Таа додаде дека откако ќе го добијат конкретниот термин, ќе направат план за начинот на кој ќе биде организирано гостувањето на готвачот Реџепи и дали истиот ќе одржи  теоретски или практичен час за студентите.reneredzepinoma

Готвачот Рене Реџепи (37) има македонско потекло, од тетовското село Џепчиште. Татко му е Албанец и мајка му Данка. Во текот на детството многу често престојувал во Џепчиште и како што изјавува самиот, овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.

Во 2011 година е избран за „Најдобар готвач на светот“, а неговиот ресторан „Нома“ кој е лоциран во Копенхаген, Данска веќе неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и е носител на Мишленови ѕвездички. Во 2012 година Реџепи е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се има појавено на насловната страница на весникот „Тајмс“. Рсторанот „Нома“ има само 45 места за седење и постојано долга листа на чекање со гости од целиот свет.

Ohridnews.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1