Прадедото на Хашим Тачи бил православен свештеник?


На блогерскиот сајт „Балканоид“, еден од блогерите постирал навистина интересен текст за потеклото на косовскиот премиер Хашим Тачи.

Текстот ви го пренесуваме во целост.Taci-pop_13_f-1728x800_c

Нешто што самиот Хашим Тачи го знае, а остатокот од светот не.

Знае и неговото цело семејство, а било кој од постарите староседелци од Дреница ако го прашате и ако смее ќе ви го каже следното: дека сигурно знае и помни дека прадедото на Хашим Тачи бил Србин, и тоа православен поп. Се викал Радослав, а се прзивал Даниловиќ.

Читајќи ги овие редови ќе си помислите: „Па ова едноставно не е возможно“.

Еве и факти, неоспориви, доказни.

Во писмото на Митровачкиот оџа, Турчинот Мула – Ибрахим, од почетокот на 1912. година, кое тој го пишал на муфтијата во Скопје го пишува следното:

„Вистинската вера многумина ја примија овде. Меѓу нив и многумина видни Срби, па дури и попови како Милутин Јакшиќ од селото Пантино, кого Србите набрзо го убија, бидејќи сметаа дека им нанел голем срам. Вистинската вера ја прими и попот Јован Аксиќ, кој побара да се насели во Митровица. Овој Радослав се преобрати и го прими името Јусуф, а важи за навистина угледен човек меѓу своите Каури. Многумина во неговата парохија тргнаа по негови стапки и ја примија вистинската вера. Јас не смеам да му верувам. Каурин е Каурин, држам растојание. Сите верски работи во управата над Србица и околината му ги препуштам на веќе проверениот Ибро Пеџанец кој го држи на око овој Радослав, а правоверниот Јусуф, па му е речено, што и да забележи, да ни го прати овде во Митровица. Ние овде би знаеле како со него. Ако Кауринот лажно го сторил тоа, лесно ќе го отстраниме. Постојано го држиме на око“.

Овој документ, во оригинален ракопис, денес постои во историскиот архив на Турција во Анкара.

Вториот документ, кој се наоѓа во библиотеката на манастирот Хиландар, а датира од 1893. година потекнува од манастирот Соколица и тоа е список на свештеници. На списокот стои и попот Радослав Даниловиќ, за кого се напоменува дека е еден од најдобрите свештеници, како и дека ужива голем углед.

Под списокот се наведува и дека Радослав се разболел, така што владиката морал да испрати свештеник од Жеровница (село покрај Звечан), кој ќе го менува, но дека подоцна закрепнал.

Четиринаесет години по правењето на овој список, истиот поп Радослав се преобратил во Ислам. Никој не може со сигурност да знае зошто го направил тоа, бидејќи важел за силно угледен и ценет свештеник.

Познато е дека во тоа време, пред балканските војни, маса Срби на северот на Косово се потурчени на сила. Дали и во овој случај силата била пресудна попот Радослав, а прадедо на Хашим Тачи да ја промени верата, не се знае со сигурност.

Примајќи го Исламот, покрај жената, попадиката со која живеел, новопечениот муслиман Јусуф, а поранешен поп Радослав, се оженил со една Арнаутка. Таа починала при породувањето со првото дете. Дури со втората Арнаутка со која се оженил го добил дедото на Хашим Тачи и уште четири деца.

Интересно е дека иако како муслиман не добил верска управа над населението, успеал повеќе парохии да преобрати во Ислам, веројатно надевајќи се дека ќе стане оџа и одново ќе добие верска управа во Србица. Никогаш до крајот на животот, 1929. година не успеал во тоа, иако Турците веќе догло не владееле тука.

Куќна слава на Даниловиќ им била Митровден, а има и интересен податок, дека дел од семејството Даниловиќ, кои не сакале да се потурчат пребегале во Србија и се населиле во Краљево, каде нивните потомци и ден денес живеат.

Јасно е дека Хашим Тачи во себе има мешана крв, со оглед на тоа дека неговата прабаба била муслиманка. Сигурно се знае дека ова нему му е познато и дека пред сведоци, на еден состанок, револтиран од неуспехот на еден од терористичките команданти на терен, тоа јавно го кажал, дека Албанците се неспособни и дека имаат голема среќа дека тој во себе има српска крв и дека треба да бидат среќни дека тој како таков им е лидер.

За тоа и денес постојат сведоци. Еден од нив тоа јавно го кажал во една емисија во 2005. година на една локална тлевизија. Секако, бил исмеан, а водителката тогаш го запрашала дали се дрогира или пак дали е под дејство на алкохол. По многубројните закани упатени кон него и неговото семејство, побегнал од Косово и побарал политички азил во Бразил. Моментално живее во Сао Паоло.

Хашим Тачи тоа го знае многу добро, меѓутоа крие од политички причини. Свесен дека политичките противници начисто би го „растргнале“, кога би дознале за ова и кога би имале било какви докази за тоа. На Митровден, свесен дека тоа му е куќна слава, Тачи ништо не работи, дури и доаѓа на работа.

Како му е него, никој не знае. Можеби може да го негира своето минато, но својата крв не.

Извор: Србининфо.рс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1