Мутираното прасе родено со “лик на човек” умрело набрзо по раѓањето, а сега колекционерите на животински остатоци се борат кој ќе го откупи од сопственикот.
Животното со неверојатно необичен изглед било родено неодамна на една од фармите во Кина, а откако фотографиите од прасето завршиле на интернет, сопствениот Тао Лу добил огромен број на понуди за продажба на чудното суштество, објавува ”Daily Mail”.
Туристот одлучил да го сочува деформираното животно, со надеж дека истото ќе го претвори во необична туристичка атракција… Сепак, за жал животното умрело откако било отфрлено од неговата мајка и откако тоа одбило да јаде од шише.