Пратениците изгласаа распуштање на Собранието


Собранието на Република Македонија попладнево ја донесе одлуката за распуштање на Парламентот. За одлуката гласаа 110 пратеници. Немаше против и воздржан.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски му порача на следниот состав на Парламентот да продолжат да ја градат Република Македонија и да ја зачуваат онакава за каква што се бореле генерации Македонци.sobranie-raspustanje-640x479

– Следните 50 дена како никогаш досега ќе бидат клучни за тоа дали РМ ќе чекори кон патека која што ќе значи стабилност или ќе дозволиме на разноразни удбашки структури повторно да ја повлечат оваа држава во сомнителен колосек, рече Димовски.

Додаде дека граѓаните на РМ ќе застанат зад онаа политика која што значи отворање на десетици и десетици илјадни работни места.

Граѓаните на РМ, нагласи тој, ќе гласаат за онаа политика која што значи буквална реизградба на целата патна инфраструктура во РМ.

– Граѓаните на РМ без разлика на својата етничка или религиозна припадност не прифаќаат ниту обиди за рушење на монетарниот и банкарскиот систем онака како што неколку ткн. експерти всушност поранешни министри во владите на СДСМ се обидоа да го направат со внесување страв дека банките во РМ штотуку не пропаднале, рече меѓу другото Димовски, додавајчи оти граѓаните на РМ, исто така, не залсужуваат да гледаат физички напади врз припадниците на МВР, онака како што видовме од претставници на една политичка партија.

Димовски истакна дека граѓаните на РМ никогаш нема да поддржат политика која што значи виткање на кичмата и калкуилирање, како што рече, со националниот идентитет на македонскиот народ и со името на РМ онака како што лидерот на СДСМ неколкупати во минатите неколку годни наназад кажа дека има намера да направи.

– Граѓаните на РМ нема да поддржат и не поддржуваат пазарење со внатрешните меѓуетнички односи и пазарење со уставното уредување на оваа држава онака како што видни претставници на СДСМ кои директно кои индиректно најавуваат дека планираат да направат во следниот период. Граѓаните на РМ не сакаат повеќе со оваа држава да маневрираат, да манипулираат и да ја уценуваат разноразни припадници на безбедносните служби од минатиот систем којшто до ден денеска неказнети за жал ја малтретираат целата држава, коишто за жал учествуваа и во следењето на многу политички претставници од почетокот на 90-тите години коишто учествуваа во креирање на „Глемото уво“, кои учествуваа во креирање на воениот конфлкт во РМ, коишто очигледно учествувале во креирањето и прислушувањето во минатите неколку години и коишто денеска рамо до рамо и тука во Парламентот и надвор од Парламентот со истите удбашки методи се обидуваат да ја уценуваат целата држава, рече меѓу другото од говорницата Димовски.

Тој изрази надеж дека неговите колеги од СДСМ, како што рече, после два дена, четири, пет, десет дена или на пет дена пред изборите нема да трчаат по странските амбасади да бараат помош некој да ги спасува од сигурен изборен пораз заради тоа што овојпат, истакна, македонскиот народ и граѓаните на РМ ќе се борат оваа држава да продолжи да привлекува странски инвестиции, да продолжи да отвора нови фабрики онака како што минатите денови се отворија во Охрид, Велес, онака како што работат веќе во Штип, Кочани, Струмица, Бунарџиќ, Битола, Кавадарци.

Рената Дескоска пратеник од СДСМ во обраќањето нагласи дека очекува на 11 декември да има избори кои ќе бидат слободни, фер и демократски.

На изборите на 11 декември, рече таа, не смее да се гласа со лажни лични карти, не смее гласачи да шетаат и да гласат на повеќе гласачки места, не смее да има притисоци, закани и уцени на избирачи.

– На крајот на овој невообичаен, краток и турбулентен мандат ќе ги сумираме впечатоците кој за што се залагал, борел, кој што штител. Ние што се залагавме за враќање на демократијата во РМ, за враќање на парите кај граѓаните, за заштитата на човековите права, за казнување на криминалците. Ќе продолжиме да се бориме за тие вредности и заедно со граѓаните на 11 декември ќе се избориме за подобра иднина, за поправедна Македонија, рече меѓу другото Дескоска.

Формирањето на СЈО, потенцира таа, е првиот знак за нивната заложба за казнување на криминалот и криминалците да одговараат.

Пратеничката Солза Грчева не очекува промени, барем, како што рече, какви што им се потребни на граѓаните. – Целиот пржински процес не е инклузивен. Не доведе во ситуација Македонија да нема избор. Денес имаме запечатено време на партии жедни за власт, рече Грчева.

За пратеничката Роза Топузова Каревска денеска после сите турбуленции и асистенции завршува еден од најконтроверзните мандати од осамостојувањето на РМ. Во четири парламентарни состави како пратеник, подвлече таа, секогаш се залагала за јак парламентарен систем, за полн дигнитет на пратениците, и парламентот да биде вистински храм на демократијата, глас на народот затоа што граѓаните треба да ни бидат пред се, а државните интереси секогаш над партиските.

Според пратеникот од ДУИ Рафис Аљити на Република Македонија и треба нова визија и треба да оди по друг пат, пат, подвлече, на решавање на проблемите со кои се соочува. Граѓаните, истакна, очекуваат Македонија да биде дел од НАТО и од ЕУ и да ги постигне потребните стандарди. Аљити изрази верување дека ќе дојде време, како што рече, Албанец да претседава со пленарните седници на Собранието на Република Македонија.

Говорејќи за добрите работи, но и за пропустите кои ги има направено овој парламентарен состав, Аљити истакна дека се донесени два многу значајни закони за Албанците, а тоа се официјализација на тетовскиот Универзитет и основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

– Не успеавме да ја расветлиме аферата со прислушувањето – кој прислушуваше, како и случајот „Монструм“. Имаме одговорност и во оваа насока, рече од говорницата Аљити и додаде оти останува идниот парламентарен состав да пристапи со поголема сериозност и да се расветлат овие случаи до крај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1