Повреденото момче од Битола било избодено на улица?


17 годишно момче од Битола синоќа било нападнат со нож на улицата Партизанска, вакви информации попладнево објавија дел од интернет порталите. Ова се неофицијални информации до кои дојде Телевизија Орбис.g_noz

Веднаш по нападот момчето се упатило кај свои пријатели во студентскиот дом „Кочо Рацин“ каде со обилно крварење од грбот побарало помош. Неговите другари, двајца студенти од Кавадарци кои престојувале во домот, веднаш го одnеле во болница,пишува Сител ТВ. Нападнатото момче сепак најверојатно се исплашило од напаѓачот поради што во полиција пријавило дека се самоповредил на тој начин што во студентскиот дом скокнал на кревет на кој што имало нож.

Ваквата информација веднаш ги алармираше надлежните во студентскиот дом кои посочуваат дека нападот воопшто не бил во кругот на домот, ниту пак момчето е нивни станар.

Откако нападнатиот студент бил однесен во болница од страна на лекар констатирани се тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1