Народните избраници заминуваат на одмор од петти август, а Собранието нема да заседава ниту да одржува седници на комисиите до 20 август.
Утре собраниската администрација е редовно на работа, а пратениците привршуваат со своите обврски.
На Илинден в петок, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе и ќе има обраќање пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје. Парламентарни делегации на националниот празник ќе присуствуваат на прославите во Крушево и на Пелинце.