Пратениците по полноќ ги изгласа измените на Изборниот законик согласно постигнатиот договор


Пратениците со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.sobranie_RM

Измените во Изборниот законик се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза.

– Законот е кус, се состои од три члена. Со оглед на тоа дека преземена е обврска помеѓу четирите политички партии да се запазат рокови, предлагам да го изгласаме денеска – рече Димовски.

Претходно пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, предложи предлг-законот да се повлече од дневен ред поради технички грешки и да се усогласи текстот, но неговиот предлог не беше прифатен.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, претходно на прес-конференција рече дека во договорот што партиите го постигнаа пред два дена се предвидени рокови и решенија за сите прашања, а дека СДСМ ќе инсистира тие да се испочитуваат за да има избори во декември годинава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1