Пратениците утре ќе расправаат за имунитетот на шестмината пратеници


Собранието на Република Македонија за утре во 12 часот ја закажа 25.седница на која ќе се расправа за симнување на имунитетoт на шестмината пратеници осомничени од Судот за настаните на 27 април во Парламентот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го закажа ова заседание на Парламентот по денешната седница на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања која одлучи да предложи симнување на мандатот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски.

За симнување на нивниот имунитет потребни е да гласаат 61 пратеник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1