Правда за животните, санкции за трујачите


Со извици „Правда за животните“, „Убијци“, активистите за заштита на животните на денешниот протест побараа похуман однос кон животните и да се открие кои се тие што ги трујат мачките и кучињата во последниот период.

Со години наназад Македонија сериозно затајува на полето на хуманоста врз животните и крајно е време тоа да се смени:

„Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман и одговорен третман на животните и најстроги затворски казни за секој еден кој предизвикува јавна опасност, мачи и труе животни! Повеќе од итно е да се воспостави ЗАКОНСКА ЗАБРАНА ЗА СЛОБОДНАТА ПРОДАЖБА НА ОТРОВИТЕ, виско токсични супстанци кои за 10 минути може да убијат и човек, а кои во Македонија му се достапни на секого. Изговори повеќе не смее да има – полицијата мора да врши сериозни истраги и стави крај на дивеењето по улиците, сторителите мора да бидат фатени и ЗА СЕКОЈ КОЈ ЗЛОУПОТРЕБУВА ОТРОВИ бараме без исклучок ДА СЕ ИЗРЕКУВА КАЗНА ЗАТВОР – се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1