Факултетската управа на Правниот факултет денеска го отфрли концептот за државен испит како противуставен. Оваа вест денеска ни ја потврди и деканот на Правниот факултет, Борче Давитковски кој рече дека материјалот, кој што е образложен на четири-пет страници им е поделен на сите вработени да се изјаснат, пренесува Утрински.
Студентскиот пленум побара од Правниот факултет да донесат за „екстерното“, по што деканот на овој факултет свика Факултетска управа, на која како што се дознава, со стручни аргументи и забелешки, од страна на повеќе професори бил отфрлен концептот за државен испит.
Конечната одлука ќе биде донесена в петок, а претходно професорите на Управата ќе дебатираат и ќе ги спротивстават аргументите за и против.
Овој потег доаѓа откако Министерството за образование до сите ректори на универзитетите го испрати концептот за државен испит, а потоа, во петокот бил препратен до деканите да го разгледаат и анализираат концептот.