Правила за жени од ИСИС: Се мажат на 9 години, може да учат само за ислам, готвење и плетење


Младите жени од Западот, идните џихадистички невести кои заминуваат во Сирија и Ирак, главно имаат заблуди за светот во кој доаѓаат.

Исламската држава објавила манифест за жени. Десет илјади зборови за тоа каде е местото на жената во џихадистичкиот свет и што се очекува од неа. Особено тоа се однесува на жените кои во Калифат доаѓаат од Запад.burka

Девојчињата можат да се мажат веќе од 9 годишна возраст и да ја исполнуваат својата улога на сопруга, мајка и домаќинка, стои во манифестот. Најдоцна ќе се омажат до 16, 17 години, додека се уште млади и „активни“. На жените им е строго забрането носење на накит, бричење на одредени делови, а посетување на продавници со облека и салони за разубавување е грев колку и „обожување на ѓаволот“.

Таквата пропаганда често не се совпаѓа со сликата која ја имаат за Калифатот младите жени од Запад, а кои заминуваат во Сирија и Ирак, пишува „The Independent”.

Жените може да се образуваат од седум до најмногу 15 години, и тоа исклучиво за исламот, готвење, плетење и други вештини кои може да им помогнат да бидат добри домаќинки. „Нема потреба жената да сака дипломи за да докаже дека нејзината интелегенција е поголема од машката“, пишувало во манифестот.

Се наведува дека во некои случаи жените може да работат како докторки или учителки или дури може да се борат, но само ако бидат повикани, односно ако нема доволно мажи. Но, секоја таква работа можат да ја работат најдолго три дена неделно, и тоа само она што може да го издржат и што нема да им биде проблем да го направат.

„Во ваквиот џихадистички перверзен поим на феминизмот, жената се уверува дека се грижат за нејзиното добро и дека има главна улога, што секако не се совпаѓа со вистината, затоа што таа може да го прави само она што и` го дозволува нивната идеологија“, толкува Чарли Винтер, кој се занимава со истражување на џихадизмот во Сирија и Ирак и кој го превел манифестот пронајден на еден од форумите популарни меѓу џихадистите.

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1