На интернет се појави и прирачник кој на жените им кажува како (не) треба да се однесуваат за време на мундијалот во Бразил. Правилата брзо се проширија и на социјалните мрежи, а некои од нив сигурно ќе ве насмеат:
Ако вашиот сопруг гледа дома фудбал, не му се маткајте наоколу.
Не прашувајте што за ручек и не го заморувајте со непотребни прашања.
Не изнудувајте секс, иако тоа може да се направи кога е полувремето.
Не се трудете да му угодувате.
Не го провоцирајте.
Ако не гледате фудбал, најдоброто решение е да излезете од дома.
Ако тој викнал пријатели, тогаш пред тие да дојдат, извадете ја закуската на маса, припремете им се што е потребно, и отидете си кај комшивката на кафе, но само ако и кај нејзе не се гледа фудбал.
1. Ако кажеш дека Кристијано Роналдо е згоден фраер, излегуваш надвор.
2. За време на мечевите, телевизорот е мој. Турските серии можат да почекаат.
3. Веројатно ќе се обложувам на некои мечеви, па ако губам, никако не вели „Тоа е само меч“ и „Ќе победат следниот пат“.
4. Сексот е забранет за време на мечевите. И иако тоа не го правиме често, немој да настојуваш само за да го добиеш моето внимание. Орално задоволување е дозволено.
5. Нема да одиме на гости кај пријатели освен ако тие не организирале заедничко гледање на мечевите.
6. Можеш да гледаш меч со мене под услов да молчиш.
7. Не прашувај ме што е офсајд. Одговорот ќе биде „Кога ти излегуваш од кујната“.
8. Ако чуеш дека врескам по тебе, биди подготвена да донесешхрана, пиво или батерии за далечинскиот управувач.
9. За еден прекршок на овие правила се добива предупредување, за два истерување од дневната, за три раскинување или развод.
Ако за фудбалот се вели дека за мажите е најважната споредна работа во светот, за жените токму фудбалските првенства се кошмар.
Од една страна максимално се запоставени од мажите, не само емотивно туку и сескуално, па стануваат најневажната, важна работа во светот. Од друга страна, ако се маткат низ дома додека трае натпреварот и ако прозборат или прашаат нешто, ја добиваат етикетата “малер”, а најтешкото од се е што мажите никако не знаат да им одговорат и да им објаснат зошто фудбалот е поважен од нив.
Но не треба да се запостави и фактот дека последниве години има и жени кои неверојатно се заразени со фудбал , па се повеќе гледаат Европски и Светски првенства. Заедно со мажите седат пред ТВ екраните, не трепкаат, навиваат, пијат пиво, буквално уживаат-машки. Но, за оние жени кои не сакаат фудбал, нека не очајуваат. Токму овој месец можете да си посветите внимание сами на себе, на блиските пријателки, да поработите на изгледот и на се она за што не сте имале време или можност. Денес ви помагаме да го преживеете Светското Првенство кое токму денес почнува во Бразил.
Шопингот нека ве направи среќни
Колку што мажите сакаат фудбал, толку за жените шопингот им е императив. Па жени, што чекате? Дуќните се ваши. Имате време цел ден да го минете од бутик до бутик. Збогатете го плакарот со неколку нови парчиња летна гардероба, купете си нови чевли и чанта. Уште од сега почнете со подготовките за летниот одмор: купете си нови бикини, торба за на плажа, апостолки, асесори….се што ви е потребно. Сега ќе имате време подолго да разгледувате и да пребирате.
Разубавете се
Отидете на козметичар и останете таму неколку часа. Средете си го лицето, издепилирајте се, направете маникир и педикир, исчупајте ги вегите, посетете солариум….Следниот ден отидете кај фризерката. Кажете и дека сакате да ја промените фризурата и бојата. Летото ви нуди многу идеи. Ако не сакте големи промени, едноставно испеглајте ја коста, или направете локни.
Со пријателките на трач муабет
Бидете како девојките од култната серија “Секс и град”. Договорете се со пријателките да излезете некаде на кафе. Имајте во предвид дека кафулињата ќе бидат полни со мажи кои гледаат фудбал, па изберете место каде нема да има видеобим. На женските муабети им нема крај, од оговарање до домаќински муабети. По кафето, за да ви се крене расположението напијте се по некоја чашка вино. Тоа е добро не само за расположение туку и за здравјето и убавината. Освен вино, можете да изберете и некој коктел. Коктел “мохито” е вистински летен хит. Со два испиени ќе бидете вистински расположени жени на кој одеднаш ќе им стане драго што има Европско првенство, па можат да си најдат навистина време за себе.
Шетајте ги децата или домашните миленичиња
Ако имате деца, сега можете скоро секој ден да ги однесете на прошетка, во забавен парк или игротека. Освен тоа, можете да се шетате со нив и да им купите по некое парче облека или пак играчки. Ако пак имате домашни миленици, овој месец се вистински среќлии. Шетајте се со нив секој ден и уживајте.
Спортувајте
Отидете на аеробик или пак во некој фитнес центар, и тоа ќе ви дојде како џокер пред летниот одмор. Возете велосипед или пак ролерки. Додека спортувате ставете ги на уши слушалките од плејерот и слушајте си музика. Спортот не само што ќе ве опушти туку ќе влије и на вашето расположените.
Купете му подарок на партнерот
Додека вашиот партнер гледа фудбал, вие искористете го времето и за него. Купете му некоаков подарок за да го изнаенадите, и дајте му го тогаш кога ќе загуби неговиот тим. Со овој гест ќе го расположите.
Отидете во секси шоп
Бидете современа и цивилизирана жена, па не се срамете да отидете во секси шоп. Изберете некоја секси играчка што ќе ви го збогати сексуланиот живот по Европското првенство. Од таму отидете во некоја од продавниците за интимна облека и купете си танга гаќички и градник од тантела. По фудбалските натпревари бидете сигурни дека вашиот партнер ќе има време за вас.
Одете на кино
Ако вашиот парнер со пријателите гледа фудбал во некое кафуле или кај некој друг дома, вие можете да одите на кино. И како кога сте биле девојчиња, земете по крај вас нешто за пиење и грицки и еден тон марамчиња за бришење солзи, па уживајте во содржината на некои евергрин романтични филмови.
Исчистете, исперете, испеглајте
Чистење на домот, перења и пеглање-сите овие обврски само ако парнерот не е дома. Што не треба да правите додека трае фудбалкси натпревар!