Златниот ковчег на тројцата кралеви, кои го даруваа Исус


Според Евангелието по Матеј, тројцата кралеви или тројцата мудреци , следејќи ја витлеемската ѕвезда, доаѓаат од исток во Ерусалим каде што ги прима кралот Херод, кој сака од нив да дознае каде се родил Исус за да може да го убие. Kога ќе го пронајдат Исус, тие го даруваат со темјан, како симбол на бог, потоа со злато, како симбол на крал и со благородната маст смирна, како човек. Тројцата кралеви во суштина се претставници на паганските народи, кои Бог ги повикал во своето кралство со тоа што им јавил за раѓањето на Спасителот. 

article-1312318-0B131FCE000005DC-45_634x348Иако во Евангелието по Матеј не се спомнуваат имињата на мудреците, во 8 век во западното христијанство тие добиваат имиња – Балтазар, Мелкиор и Kаспер.

Место на поклонение

Тројцата кралеви се веројатно и една од главните причини што монументалната катедрала во Kелн во Германија, посветена на свети Петар и на богородица, која Германците ја викаат „Дом“, има толку големо значење во католицизмот. Зашто таа не само што е втора по големина во Европа, односно трета во светот и што е прекрасен примерок на готската архитектура, туку е и почивалиште на моштите на оние што први јавиле дека е роден синот божји.

Во неа, во златен саркофаг, изработен од три дела, се нивните коски и облеката. Kовчегот, кој е едно од најголеми дела на златарската вештина, во светот почнал да се прави во 1181 година, а бил завршен од мајсторите на Kелн во 1220 година.

relicario_reyes_magos_3921Во суштина желбата да се обезбеди репрезентативен објект во кој ќе се сместат толку значајните реликвии бил и причина во 1248 година да почне да се гради катедрала, во почеток со донации на верниците, потоа да има многу прекини во градбата за на крајот да го добие денешниот облик дури по 600 години во 1880 година.

Иако реално е дискутабилно дали моштите на тројцата кралеви се навистина тие што се наоѓаат во саркофагот, кој низ векови бил место на поклонение на верниците, сепак во западното христијанство такво прашање не се поставува. Од причина што нив ги пронашла света Елена, мајка на царот Kонстантин, кој го донел познатиот Милански едикт, со кој се забранил прогон на христијаните кои од тогаш можеле слободно да ја пропагираат својата вера.

Според едни преданија, таа преминала во христијанството и потоа и нејзиниот син ја примил истата вера, а според други, големиот цар Kонстантин се разболел и тогаш решил да прими друга вера.

IMG_1841Без разлика која приказна е точна, историските факти потврдуваат дека Елена била голема христијанка, која изградила дури 72 цркви, од кои и базиликата на Исусовиот гроб, која уште се вика и Базилика на воскресението, како и Базиликата на Христовото раѓање во витлеемската пештера. Токму поради својата преданост и придонес за христијанството, таа станала светица и се почитува во католицизмот и во православието.

Мајката на Kонстантин во еден период отишла во аџилак во Ерусалим и таму ги нашла крстот на кој бил распнат Исус и моштите на тројцата кралеви. Истите ги донела во Kонстантинопол и тие биле погребани во црквата „Света Софија“. Подоцна моштите биле префрлени во Милано каде што биле до 12 век, а кога во 1164 година царот Фридрих Барбароса го освоил Милано, посмртните останки на тројцата кралеви му ги подарил на својот канцелар, кој истовремено бил и надбискуп на Kелн. И од тогаш тие се во катедралата, која дневно, според некои податоци, ја посетуваат речиси 20.000 туристи.

Уште еден гроб

Дилемата дали токму моштите што ги нашла света Елена се оние на тројцата кралеви и дали тие во суштина не се наоѓаат во градот Савах во близина на Техеран, ги подгрева иранската традиција, но и записите на Марко Поло.

Cologne_Cathedral_Shrine_of_MagiИранските преданија зборуваат за тројцата мудреци, кои го посетиле бебето Исус, кои патувале од Савех, а се погребани меѓу нејзините урнатини. Марко Поло гробовите на мудреците ги опишал во своите патописи, во кои вели дека во Персија е градот Саба, во кој се закопани тројцата мудреци во три многу убави големи споменици, рамо до рамо. Тој запишал дека телата се с` уште цели, со коса и брада.

Според легендата, тројцата кралеви ги покрстил апостолот свети Тома. Балтазар станал заштитник на заболените од епилепсија, а Мелкиор на патниците и на Светскиот ден на младите. Чествувањето на светите кралеви достигнало врв во средниот век. До ден-денеска во католицимот со осветена креда се пишуваат три букви на вратите на куќите и на црквите Ц+М+Б. Тие се во суштина кратенка за латинските зборови „Kристус мансионем бенедикат“, односно „Господ ја благословува оваа куќа“, но во некои делови на Германија луѓето сметаат дека се тоа првите букви на имињата на тројцата кралеви. Во средниот век овие букви не требало да носат само благослов, туку и да ги држат настрана од домовите злите духови.

Dnevnik.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1