Повредени неколку тинејџери- падна рефлектор на концертот на Жељко Јоксимовиќ во Скопје


Неколку тинејџери и едно мало дете кои седеа на северната трибина на концертот на Жељко Јоксимовиќ беа повредени кога врз нив паднаа делови од рефлектор, пишува Вест.

zelko-koncert На раскрвавените тинејџери веднаш им била укажана помош од медицински лица кои дежураа на стадионот Филип Втори.

– Заедно бевме цело друштво и имавме карти за северна трибина. Бевме занесени со играње и пеење кога врз нас почнаа да паѓаат парчиња од нешто. Паднаа и врз едно помало дете кое беше заедно со родителите. Се исплашивме, не знаевме што е, но подоцна видовме дека се откачил еден од рефлекторите на кровната конструкција. Ќе беше многу страшно ако врз нас паднеше целиот рефлектор. За среќа, беа само парчиња, па поминавме со гребаници – раскажа за Вест еден од повредените тинејџери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1