Празен куфер го евакуираше цел плоштад „ВМРО“


Сомнителен куфер бил забележан попладнево пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, по што веднаш беа евакуирани сите вработени.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во 12:55 часот лице од обезбедувањето на ЈПДП пријавило дека на видео надзор биле забележани две лица кои го разгледувале просторот пред канцелариите, а едно од нив оставило куфер.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен и не претставува закана по безбедноста, се наведува во полициското соопштение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1