Постарите кој живее во Југославија во 1972 и те како се сеќаваат на паниката кога земјата ја зафати епидемија на Вариола Вера, помладите пак исто така се сеќаваат преку култниот филм за оваа епидемија. Според информациите во тоа време две клучни грешки се направени зошто вирусот е донесен од Мека во Косово, а за двата пропуста виновна е Македонија.
Прво првиот пациент бил вакциниран во Скопје, но му дале сертификат без да испитаат дали е успешна вакцинацијата, а второто е транспортно претпријатие од Битола со кое првозаразениот заминал на аџилак со автобус и покрај тоа што тогаш законот во Југославија предвидувал да се оди само со авион токму поради поголема контрола на болести и преснос на истите.. Но да одиме со ред.
На сето ова потсетува др Лазаров во фејсбук статус кој ви го пренесуваме.. но и го надополнивме бидејќи целата приказна можете во детали да ја прочитате и на интернет..
Ова е Ибрахим Хоти, по враќање на Косово од аџилак, Март 1972, носи со себе фрула за спомен, купена на пазар во Саудиска Арабија, а додека престојувал таму се заразил се со Variola Vera, вирус на големи сипаници.
Шетајќи по локални кафани каде го раскажувал своето патешествие, неретко и фрулата ја покажувал, но и давал на други да свират на неа, и така се смета дека ја предизвикува последната епидемија на оваа болест во светот! Интересно е што никој од неговото семејство не се разболел, но се разболеле сите оние со кои се сретнал и со кои имал контакт тој или неговата фрула..
Резултат, 184 заразени, 40 мртви.
Комунистичките власти, исплашени дека е возможно да се работи за биолошки напад, спроведуваат итна, агресивна вакцинација, 1.8 милиони вакцинирани за 10 дена!
18 милиони вакцинирани во наредните месеци,на тогашна популација од 22 милиони. Без пардон!
На 1 Мај 1972 епидемијата е прогласена за завршена.Во 1980 година е прогласена ерадикација на Вариола вера на светско ниво.
Југославија претрпела штета од 4-6 милијарди долари. Хоти преживува.
Хоти иако се смета за прв – нулта пациент преживеал. Прва жртва бил Латиф Мумџиќ од село крај Тутин, а го негувала медицинска сестра 23 годишната Душица Спасиќ. она не била вакцинирана, бидејќи во време на вакцинацијата вила на боледување или одмор. Младата медицинска сестра починала само две недели после Латиф, а веднаш по неа и нејзина братучетка која се заразила од неа. Латиф бил во контакт со Хоти во една од кафеаните каде Хоти прераскажувал како било во Мека..
И, не сме живи ако Македонче не е вмешано во случајот, пред да тргне на аџилак, Ибрахим Хоти е лошо вакциниран на Инфективна Клиника во Скопје, т.е самиот Хоти ја саботирал вакцинацијата, добил совет од локален ”пријател” за да има полесна поствакцинална реакција, местото на вакцинација да го пребрише со алкохол, што и направил. А лекарите откако го вакцинирале не провериле дали вакцинацијата е успешна.
Сепак се стекнал сертификат дека е вакциниран, неопходен за патувањето, па од тука со Транскоп Битола автобус иде на аџилак, иако во тој момент забрането со автобус да се патува на таа дестинација, дозволено било само патување, контролирано, со авион, за што во Битола биле ”доцна информирани”.. заминал и се вратил со автобусот..
Во автобусот го заразува следниот пациент, кој пак, заразува нови 38 итн…
Facebook status na dr Lazarov
Инаку целата приказна во детали може да ја прочитате на следниот линк – https://www.doznajemo.com
А ова е култниот филм за епидемијата