Пред 60 години ЦИА открила ураниум во Македонија – го има во Пробиштип, Радовиш и Струмица


ЦИА постојано врши анализи на македонските ресурси. Во октомври 1955 година анализа, заведена како таен документ во архивите на ЦИА, и во неа се наведува дека Македонија располага со ураниум, во близина на границата со Грција, објави дописник на Миа од Вашингтон минатата година.

CIA-logo-500x358– Најбогатите наоѓалишта на ураниумска руда во Југославија се смета дека се во близина на југословенско-грчката граница, во планините јужно од Битола. Рудата се наоѓа во глина која Југословените ја нарекуваат диатомејска глиница (диатомејска земја). Југословените планираат да изградат шесткилометарска жичница до Прилеп, каде што би се отворила постројка за дробење на рудата. Изградбата на оваа жичница се проценува на милион динари, пишува во информацијата која е достапна за јавноста, но откако значителен дел од документот претходно бил избришан.

ЦИА го нотирала постоењето на рудникот за злато Дудица кај Демир Kапија, за кој забележува дека германските окупациски сили сакале да го експлоатираат во текот на Втората светска војна, а во времето на Југославија биле извршени пробни копови и се утврдило дека златната жила продолжува до границата со Грција. За рудникот за хром Цер во близината на Kичево записите во архивите на ЦИА се толку детаљни што е забележан не само капацитетот на рудникот и механизацијата со која рудникот располага, туку и имињата на тогашните управители Ристо Влахов и Иван Георгиевски, како и тоа дека германски воен заробеник по име Хојнц работи на одржување на механизацијата во рудникот.

Детални записи за рудникот Цер

CIAДокументот, изработен во 1953 година, не содржи информација дали ЦИА имала некои планови во врска со овој рудник.

Но, информациите за резервите на ураниум во Македонија се од најголем интерес, имајќи ги предвид повремените иницијативи за изградба на нуклеарна централа во Македонија. Објавувањето на тајните документи на американскиот Стејт департмент од страна на „Викиликс“ откри дека американскиот интерес за македонскиот ураниум не завршил во 50-тите години. Во еден од овие документи, подготвени во 2008 година, штотуку пристигнатиот амбасадор Филип Рикер во разговор со премиерот Никола Груевски се интересирал до каде се македонските планови за развој на наоѓалиштата на ураниум. За САД, ова било можност и да се спречи проширувањето на руското влијание во регионот, преку нивните инвестиции во снабдувањето со гас.

uranium

Oткриен ураниум во Пробиштип, Радовиш и во Струмица

Истражувањата на Рударско-геолошкиот завод на Република Македонија спроведени во педесеттите и во шеесеттите години на минатиот век откриле наоѓалишта на ураниум на подрачјето на Пробиштип, Радовиш, Струмица и во Мариово. Но, со технологијата која била достапна тогаш било оценето дека пронајдените количества не биле доволни за комерцијална експлоатација.

Истражувањата за ураниум во Македонија завршиле во 1962 година. Најбогато наоѓалиште било откриено во реонот на Злетовска Река, за кое во 1985 година имало иницијатива повторно да се отвори од тогашниот Извршен совет на СР Македонија во рамките на возобновувањето на нуклеарната програма. Но, подоцна државата се откажала од овој проект, а ова наоѓалиште е потопено со хидроакумулацијата од браната „Kнежево. Според професорот Тодор Серафимовски од штипскиот Факултет за природни и технички науки, ако има интерес с` уште може да се експлоатира наоѓалиштетото во Подареш, кај Радовиш.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1