Пред да абортира, жената ќе треба да го слушне срцебиењето на плодот


Како што е конципиран Правилникот за советување при прекин на бременоста, тој претставува сценарио за психолошка траума на жената која решила да абортира, пишува Призма.

matka porogjaj bremenost

Новиот Правилник на Министерството за здравство со кој се прецизира како лекарот треба да ја советува жената што сака да ја прекине бременоста, ја отвора дилемата дали станува збор за медицински правилник или пак, за вршење психолошки притисок за откажување на абортусот. Во Правилникот објавен во „Службен весник“ во октомври годинава, меѓу другото стои дека „пред да се одлучи да абортира, жената ќе мора да го види плодот на ултразвук, а докторот треба да ѝ овозможи да го чуе биењето на срцето на плодот“.

1

Член 2 од Правилникот за прекин на бременоста

Гинеколозите, како и претставниците на невладиниот сектор што ги консултираше БИРН, тврдат дека станува збор за скандалозен текст, и процедура дизајнирана со цел да се разбудат емоциите, особено чувството на вина и да се влијае на психата кај жената со цел таа да се премисли и да не ја прекине бременоста. Правилникот се однесува на сите доктори кои вршат абортус, без разлика во која недела од бременоста се наоѓа жената.

Со други зборови, тоа значи дека лекарот е должен да ја информира жената којашто решила да ја прекине бременоста во осмата или деветтата недела од бременоста, дека фетусот e со големина од 14 милиметри, дека се формирани лицето, очите, сите поважни органи, папочната врвца и дека плодот веќе се движи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1