ПРЕД И ПОТОА: Македонски и балкански ѕвезди што направија пластични операции


Погледнете кои познати ѕвезди од Македонија и регионот направија пластични операции.sl.jpg500

 

Актерката Рене Зелвегер пред неколку дена на црвениот килим се појави речиси непрепознатлива поради направената пластична операција. Холивуд бара младешки изглед, но изгледа дека македонските и српските ѕвезди сметаат дека и Балканот го бара тоа.

Токму овој настан не поттикна да направиме една листа од познати дами од Македонија и регионот кои направиле корекција на своите гради, усни или нос.

Aнета Наковска

1sl.jpg500

Сакајќи да биде чекор поблиску до изгледот на холивудските ѕвезди нашата фолк пејачка Анета Наковска ги подигна очните капаци и стави силикони во една белградска клиника

Бојана Атанасовска

2sl.jpg500

Во месец ноември 2013 година пејачката Бојана Атанасовска се пофали со нови усни. Таа отворено говореше за естетската корекција што ја направила и изјави: „Отсекогаш ме нервираше тој милиметар што недостасуваше за моите усни да изгледаат сензуално“.

Елена Велевска

3sl.jpg500

Уште една наша фолкерка без проблем проговори за пластичната операција на градите. Во една пригода Елена Велевска дури изјави: „Доењето ми ги масира силиконите“.

Елена Петреска Толевска

4sl.jpg500

Популарната поп пејачка Елена Петреска Толевска има нов нос, кој го направи во Воената болница во Скопје. Во тој период таа изјави: „Јас не дека не бев задоволна од мојот нос, но не ми се допаѓаше предниот дел, беше подебел, а и тешко дишев. Сум имала некоја девијација, заради која бев приморана да дишам само со уста. Но, сега и тоа го средивме. Не би сакала да кажам колку ме чинеше, во секој случај поевтино од странство.“

Џесика Палашкоска

5sl.jpg500

Македонската фолк пејачка, Џесика Палашкоска отворено се пофали со новите силиконски гради. Таа хируршкиот зафат го изврши во Швајцарија.

Сузана Гавазова

6sl.jpg500

Фолк- пејачката Сузана Гавазова направи силиконски усни. Естетската интервенција ја направил специјалист од Софија, Бугарија за 1.500 евра. Овој пластичен хирург има направено многу естетски корекции на бугарските пејачки.

Сораја

7sl.jpg500

Старлетата Сораја не се срами отворено да каже дека правела корекции на себе. Таа два пати ги оперираше градите, го оперираше носот и ги зголеми усните. Исто така прави надградба на косата, која ја чини и до 1.000 евра, а што се однесува до другите делови на телото вели дека не би менувала ништо.

Емина Јаховиќ

8sl.jpg500

Пејачката Емина Јаховиќ важи за една од најубавите жени на естрадата, но ако направиме споредба со фотографиите од 2006 година ќе забележиме дека промената е очигледна.

Јована Николиќ

9sl.jpg500

Пејачката Јована Николиќ пред 10 години се појави на сцената, но денес изгледа сосема поинаку. На фотографијата од 2010 и 2014 година ќе забележите покрај промени во бојата на косата, промени и во целокупниот изглед на нејзиното лице.

Дара Бубамара

10sl.jpg500

Изгледот на фолк пејачката Дара Бубамара од 90-тите години на минатиот век и денес е сосема поинаков. Пластичните операции дефинитивно имаат удел во тоа.

„Од некои од ѕвездите не успеавме да пронајдеме фотографии направени пред пластичните операции“.

Извор: Вистина.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1