Пред Мустафа била мажена за Аладин: Детали за краткиот прв брак на Емина Јаховиќ


Пред да се омажи за турскиот пејач Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ била мажена за извесен Аладин од Нови Пазар.emina jahovic

Екипата на магазинот „Блиц пулс“ пред неколку години го посетила родното место на поп-ѕвездата, каде што го сретнале нејзиниот поранешен свекор Рустем, која раскажал дека пејачката избегала од дома, за да се омажи за неговиот син Аладин. Сепак, бракот не потрајал.

– Проблемот настана кога таа смисли дека сака да се занимава со пеење. Нејзината мајка дојде кај мене и ми рече: „Рустем, знаеш дека Емина многу сака да пее! Јас ѝ реков дека може да пее за своја душа, но кога таа реши тоа да не биде само аматерски, мојот син не сакаше жена што не е постојано дома. Размисли и се реши за своето семејство. Нивниот брак траеше шест месеци и тогаш сѐ се заврши – раскажал поранешниот свекор на Емина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1