Мајка од Битола доби на суд – Не ѝ го дале бебето да си го погребе, го фрлиле како медицински отпад


Здружението Рома С.О.С. Прилеп ја поздравува пресудата на Апелациoниот суд Битола (ГЖ-881/16 од 30.08.2016) во случајот на А.Ј. и Е.Ќ. како позитивен пример од исклучителна важност за судската пракса, имајќи предвид дека станува збор за случај каде тужителите се повикале на јуриспуденцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.zena-taguva-solza1

Во случајот станува збор за 20-годишна мајка од населбата Баир која во 2012 година се породила со машко дете на одделението за Гинекологија и акушерство при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола. По два дена кај детето била забележана промена на бојата на телото и било ставено во инкубатор. На родителите не им било дозволено да го видат и не им биле дадени информации за здравствената состојба. Наредното утро добиле информација дека детето починало од непознати причини. Телото не им било вратено на родителите.

Во 2015 година била поднесена тужба пред Основен суд Битола против ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола за надомест на штета за повреда на лични права, односно поради претрпени душевни болки околу третирањето на телото на мртвото дете како медицински отпад без довола на родителите. Тужителите ги застапувал адвокат м-р Благој Димовски, од адвокатската канцеларија „Петличковски“ од Битола.

Во 2016 година по оддржани 5 судски рочишта добиена била Пресуда со која се одбива тужбата, при што билае поднесена жалба до Апелациониот суд Битола.bolnica bitola

Апелациониот суд во Битола по жалбата донел Пресуда на ден 30.08.2016 година со која тужбеното барање на тужителите делумно се усвојува, и се задолжува тужениот да им плати на тужителите на име повреда на нивните лични права износ од 30.000 денари со законска казнена камата.

Апелациониот суд Битола ги прифатил аргументите на тужителите дека во конкретниот случај со тоа што здравствената установа не ги известила тужителите за можноста за подигање на телото на нивното починато дете иако тоа било побарано пред да се изврши обдукцијата, а по извршената обдукција со телото на починатото дете постапила како со медицински отпад, со што на родителите им е оневозможено да го знаат последното почивалиште како да ги извршат верските должности, е повредено правото на приватност на личниот и семејниот живот а кое право е предмет на заштита и гаранција согласно чл. 8 од Европската конвенција за човековите права.

До Врховниот суд на Република Македонија е поднесена ревизија бидејќи се смета дека досудениот надомест е премногу мал со оглед на сторената повреда на правата на тужителите, иако повеќе од сигурно е дека ниту еден износ нема да ги поправи пропуштањата и грешките направени од здравствената установа.

– Веруваме дека примената на Европската конвенција за заштита на човековите права во македонското судство ќе има влијание во иднина за преземање определени општи и посебни мерки во смисла на правно регулирање на вакви ситуации и оневозможување истите да се повторат во иднина – наведуваат од Рома С.О.С.

PlusInfo.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1