Пред нас е најдолгата ноќ во историјата на планетата Земја


Вечерва е најдолгата ноќ во историјата на планетата Земја.

Денеска Северниот пол се наоѓа на најодалечената точка од Сонцето, а на сите локации на северната хемисфера ноќта на зимската краткодневница ќе трае подолго од која било досега во историјата.

blue-moon-SXC

Причина за ова е што земјината ротација се успорува со времето во текот на гравитацијата на Месечината па така, секоја наредна зимска краткодневница ноќта ќа трае нешто подолго од претходните години.

Така, секоја година, проценуваат научниците, должината на денот се зголемува за околу 15 до 25 милионити делови од секундата. Можеби тоа звучи малку, но часовниците мора да се поместуваат на неколку години за барем една секунда.

Сепак, додека не дојдеме со пролетна рамнодневница, може ќе ве интересира зошто мерењето на времето е толку комплицирано.

Една од причините е тоа што соларните денови никогаш не траат точно 24 часа.

– Само четири пати во текот на целата година денот трае точно 24 часа, ама никогаш во декември. Најкраток е во почетокот на септември, кога денот трае 23 часа, 59 минути и 30 секнди, а најдолг во декември – 24 часа и 30 секунди – вели астронаутот Стивен Харли.

A1On

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1