Сметки на пензионери се блокирани поради неплатена радиодифузна такса за МРТВ, соопшти Левичарското движење Солидарност.
„На огромен број пензионери им се блокирани сметките и не можат да земат пензија. Блокирани се од МРТВ за неплатени сметки и тоа сметки постари од една година. На една пензионерка и е блокирана сметката за износ од 5.400 ден. Сумата може да се плати и на рати, меѓутоа, сметката ќе се деблокира, откако ќе се плати последната рата. Во УЈП има огромна гужва, а за деблокада на сметка земаат 1.000 ден.
Правна помош никако не е можна. Ќе се тужиш со години и пак на крајот ќе мора да ја платиш сумата плус судски трошоци. Според одредени сознанија, во цела држава се блокирани сметките на пензионерите кои повеќе од 3 месеци не платиле радио-дифузна такса. Не ли им е срам. Пред Велигден, пензионерите ќе останат без пари…Со што ќе купат лекови? Ќе платат сметки?“ прашуваат од Солидарност.
PlusInfo