Предлог-законот за ограничување протести повлечен по реакциите на граѓаните


Предлог законот за јавни собири што денеска беше на дневен ред на владина седница е повлечен поради ракциите на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на Буџетот за 2020 година, рече дека ги слушнале реакциите на граѓаните и дека веднаш реагирале.

– Ги слушнавме реакциите на граѓаните и веднаш реагиравме. Ќе ги слушнеме граѓаните, невладиниот сектор, ќе видиме како демократиите го прават тоа. Веднаш на седница на која почна денеска се носи само буџетеот и донесовме одлука веднаш и го повлековме законот, изјави премиерот.

Инаку, во Собранието беа доставени предлог-измени на Законот за јавни собири од страна на Владата, според кои се предвидуваат нови ограничувања кога станува збор за протестите, што предизвика негативни реакции на социјалните мрежи, зошто се предлагаше да се ограничат пред седиштата и околниот простор на органите на државната власт и просторот околу нив, како и пред резиденцијалните и репрезентативните објекти. исто така, со тој предлог закон, за еден протест ќе беа потребни 50 лица наместо 20 како досега.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1