Шокантните слики врз кутиите од цигари, со цел да ги откажат пушачите од оваа навика, го немаат потребниот ефект врз младите, покажува едно истражување.
Во светот во моментов околу 60 земји, меѓу кои и Македонија, успеале да им наметнат на производителите на цигари да ставаат предупредувачки натписи и слики.
Научниците го анализирале ефектот од нив, врз репрезентативен примерок од британски адолесценти.
Тие откриле дека со исклучок на најшокантните фотографии на оштетени бели дробови или рак на грлото, испитаниците не се сеќавале што има на задната страна на кутијата, каде најчето стојат сликите.
Што се однесува до писмените предупредувања, тогаш помалку од 1 процент од младите биле во можност да ги цитираат , особено ако не се придружени со слика.
Сепак, ситуацијата не е иста со натписите на предниот дел на кутијата, што е начин на предупредување и во земјава. Речиси половина од анкетираните млади во Британија се сеќаваат на натписот.
Анализите покажале дека за да да имаат ефект предупредувањата, тие треба да стојат на видно место. Кај Франција и Велика Британија на пример се ставаат на задниот дел и тоа на дел од него . Научниците откриле дека ниту една европска земја не ја почитува до денес препораката на СЗО, предупредувањата да покриваат најмалку половина од површината на кутијата цигари.
365.com