ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: 12 ОПАСНИ СОСТОЈКИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ХРАНА – И НЕСТЛЕ И НЕСКАФЕ НА ЛИСТА


Акриламид е добро познато канцирогено хемиско соединение што се создава во препечената храна. FSA – британската агенција за стандарди на храната, утврдила дека акриламидот се нашол на производите на познатите компании на меѓународниот пазар, вклучувајќи ги и Нестле и Нескафе.

11-akrilamidПроизводителите на храната се предупредени на хемикалиите кои го зголемуваат ризикот од добивање на рак, а кој се наоѓаат на разни производи за секојдневна употреба и прехрана, особено на производите како што се чипсот, смоките, грицките, инстант кафињата и бисквитите со ѓумбир.
Разните бисквити за бебиња и за малите деца, исто така се ставаат под контрола, бидејќи тие имаат канцерогени акриламид во себе.

Експертите ги предупредуваат и родителите кои користат тостер, дека количината на акриламидот, со секое препечување на тостот се зголемува. FSA во својата опсежна студија открила 13 производи кои во себе содржат зголемена количина на оваа опасна хемикалија. Врз основа на резултатите добиени од страна на FSA, известени се сите британски трговски друштва и произведувачи на храна.
Акриламидот нешто што научниците сеуште го тестираат, е нус производ на термички преработена храна, а ваквото соединение најчесто се поврзува со пржење, печење, и преработување на храна на високи температури, обично околу 120 степени.

article-2132943-12B1770B000005DC-555_638x409FSA предупредува дека наодите од ваквата студија не претставуваат опасност по здравјето на луѓето, и дека истите не треба да ги менуваат своите навики во исхраната. Но, од друга страна инсистира на тоа да корисниците на производите со акриламид, не треба да ја препекуваат храната, односно да ја подготвуваат на температура на која истата би попримила благо менување на бојата, затоа што во спротивност се изложуваат на ризик да заболат од рак.

FSA истакнаа дека покрај акриламидот, ваквата храна има уште едно соединение кои може да предизвика рак, а тоа е фуранот. Тој се создава во реакција меѓу природни компоненти и влијание на топлина за време на термичката обработка на храната.

A Glass Jar Of Nescafe Gold Blend Coffee Against a White BackgroundНа барањето на FSA производителите како Heinz и MxVities, веќе одговориле на промените во формулирањето на нивните производи, со цел да го намалат износот на ваквите соединенија во создавањето на храната.
Сепак некои од нив како што се Нестле и Нескафе, е невозможно да ги променат рецептите, поради тоа што ќе влијаат на вкусот и квалитетот.
Од таму се правдаат дека во моментов не постои доказ за тоа дека акриламидот има негативно влијание врз здравјето на луѓето.
FSA спроведе студија на 13 животни со цел да докаже дека ваквите соединенија се штетни по здравјето на луѓето. Животните биле подложни на брза храна од типот на чипсови и други производи кои содржеле акриламид, по што се покажало дека ваквата храна може да предизвика сериозна закана по здравјето на луѓето.

Токму поради тоа европските организции на потрошувачите пред 10 години предизвикаа притисок врз производителите на храна со цел да ги намалат износите на акриламид врз производителите на храна. Шведски студии потврдиле дека најголемите количини на канцерогени соединенија се создале за време на пржењето или печењето на компирот и житните производи.
„Јавноста е повеќе загрижена бидејќи ваквите соединенија влијаат на промена на ДНК во клетките.
FSA предупредува дека контактот со ваквите хемикалии треба да биде минимален.

Извор – dailymail.co.uk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1