Сегашниот најразвиен робот ASIMO, поседува интелигенција на инсект. Во текот на оваа деценија, роботите ќе станат паметни како мајмун, а тогаш би можело да стане опасно, предупредува американскиот физичар и футуролог, Мичи Каку.
Американскиот физичар и футуролог, Мичио Каку, изјавил дека сегашниот најразвиен робот ASIMO поседува интелигенција на инсект, а во текот на оваа деценија роботите ќе станат паметни како мајмун, тогаш би можело да биде опасно и затоа би требало да се вметне чип во неговиот мозок, за да може да се изгасат.
– Наредните децении, роботите постепено ќе станат паметни како глушец, стаорец, зајак, мачка, куче и конечно мајмун. Во таа точка може да стане опасно, затоа мислам дека треба да вметнеме чип во нивниот мозок, што ќе ги изгасне ако станат опасни – рекол Каку.
На прашањето како еволуцијата на технологијата ќе ја измени економијата, начинот на кој работиме, Каку рекол дека економијата постепено доведува до транзиција од ропство до интелектуален капитализам, во кој се важни софтверите, уметничката работа, науката, филмовите и романите.
Земјите кои стриктно се засноваат на ропскиот капитализам, на пример на земјоделското производство, ќе сфатат дека нивните економии стануваат се помали и помали, бидејќи робата може масовно да се произведува, па цените паѓаат, кажува Каку. Но, интелектуалниот капитализам е создаден благодарение на умната работа и тука нема масовно производство.
На прашањето, кои се губитници, а кои добитници во тој процес, Каку рекол дека постојат два големи губитника. Првите губитници се работниците со „сина облека“, чии занимања се дел од сериско производство, и може да бидат заменети со машини. Занимањата што не се повторливи, како што се, градинарот, полицајците и здравствените работници, ќе преживеат, бидејќи тие не можат лесно да бидат заменети од роботи.
Меѓу работниците со „бела облека“ реални губитници се професиите како што се брокери, агенти, сметководители од пониско ниво, бидејќи машините може да сработат многу од нивната работа, рекол Каку и предупредил дека и тие мораат да се променат и додадат нови вредности во својата работа. Според неговите зборови, вистинските добитници кај оние со „бела облека“, се тие чии занимања бараат имагинација, креативност, талент, аналитичност, научен начин на размислување, лидерство, значи сите оние особини што ги немаат машините.
Истакнал дека, ако компаниите сакаат да напредуваат, тогаш мораат да вложуваат во наука и едукација, во истражувачки и развојни буџети. А владите би требало да ја намалат контролата и да ги охрабруваат бизнисмените да започнат со нови бизниси, рекол Каку. Мичио Каку е познат пред светската јавност како извонреден популаризатор на науката. Напишал низа научно популарни книги, меѓу кои и бестселери „Хиперпростор“, „Физика на невозможното“ и „Физика на иднината“, а често гостува во телевизиски и радио емисии во кои спремно одговара на прашањата на љубопитните. Овие денови Каку ќе биде гостин на Загреб.