Потенцијална мета на групата Исламска држава (ИД) е Европското фудбалско првенство 2016 во Франција, иако засега нема конкретни докази за планиран напад, изјави денеска шефот на германската национална разузнавачка агенција (БфВ), Ханс Георг Масен.
Тој за „Рајнише пост“ наведе дека има сознанија оти „на мета на ИД е Европското првенство“.
– Постојат зголемен број индиции дека ИД, Ал Каеда и Фронтот ал Нусра сакаат да извршат напади врз западни цели, посочи Масен.
На Европското фудбалско првенство во Франција се очекуваат околу 2,5 милиони гледачи на 51 натпревари, каде учествуваат 24 репрезентации.