Затемнувањето на Сонцето, кое ќе се случи на 20 март и кое ќе блокира повеќе од 90% од Сончевата светлост над поголемиот дел од Европа, може да предизвика големи проблеми и оштетување на видот доколку во него гледате без потребната заштитна опрема, предупредуваат стручњаците.
Голема опасност се заканува и дури ако за време на помрачувањето правите селфи фотографии. Научниците велат дека правењето на такви фотографии може да предизвика опасност по видот слично како и гледдање директно во сонцето.
Посебно ризични категории се децата. Во Велика Британија поради помрачувањето, две училишта им забраниле на учениците да го посматраат овој природен феномен.