ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Оваа година во Европа ќе влезат уште 1 милион бегалци од Турција


Оваа година во Европа ќе влезат уште 1 милион бегалци од Турција, предупреди Фабрис Легери, шефот на Канцеларијата за заштита на границите на ЕУ “Фронтекс”.bura-od-migranti-630x315

Тој даде интервју за германското списание “Шпигел”, извадоци од што се објавени во електронското издание на весникот.

И покрај лошите услови во Грција секој ден пристигнуваат 2000-3000 мигранти, посочи тој.

“Не треба да имаме илузии – додека во Сирија продолжуваат убиствата, ќе доаѓаат бегалци. Оваа година повторно еден милион бегалци ќе влезат во Европа”, истакна тој.

Шефот на “Фронтекс” ја повика Турција да ги исполни обврските по намалувањето на мигрантите во Европа. Според него досега Анкара не вложува доволно напори во овој поглед, забележува ТАСС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1