Предвидувања на Нострадамус кои се оствариле – еве и што предвидел за 2014 година?


Инженерот од Украина Александар Лазарев открива на светската јавност кои се предвидувањата на Нострадамус за новата 2014 година.

Според Лазарев, Нострадамус предвидел дека идната година ќе бидат извршени атентати на четворица премиери, а потоа ќе дојде и до Трета светска војна во која ќе се користат хемиски и нуклеарни оружја. Ќе има мал број живи луѓе од кои повеќето ќе страдаат од болести на кожата и рак.

nostra3Но освен она што не се знае дали ќе се случи – постојат предвидувања на нострадамус кој навистина се покажаче вистинити.

– Смртта на францускиот крал Анри II . Нострадамус пишува дека ” младиот лав ќе надвладее над стариот ” откако ќе му го прободат окото . ” Две рани, кои ќе доведат до жестока смрт “.

Еве и што се случува во реалноста – во 1559 – та година Анри II учествува во витешки турнир , на кој за да го прослави склучувањето на мировен договор со Шпанија и свадбата на ќерка му со шпанскиот крал . Во турнирот-дуел со грофот Габриел де Монтгомери , окото на Анри е прободен од скршеното (на два дела) копје на грофот и го повредил неговиот мозок . 10 дена подоцна Кралот умира во страшни маки.

Нострадамус го предвидува и доаѓањето на власт на Наполеон . Правејќи анаграм од имињата на три мали градчиња крај Париз, тој реди називот на Наполеон кралот . Тоа се случува повеќе од 200 години пред раѓањето на францускиот владетел.

nostradamusВо исто предвидување Нострадамус пишува ” повеќе оган , отколку крв” , што може да се смета како референца за скромното потекло на Наполеон Бонапарта и недостатокот на директна врска со сината крв .

Покрај тоа гатачот вели “Тој ќе одбие влез на страчки ” – нова игра на зборови со француското ” pie ” за сврака . Наполеон праќа во затвор двајца папи Пиј VI и Пиј VII .

Аптекарот со јасновидска способност го предвидел и Хитлеровиот режим. Пишува дека дете од сиромашно семејство ќе користи јавно говоречки вештини , за да мобилизира голема сила и нејзината популарност ќе го достигне Истокот ( Хитлер успева да привлече Јапонија како свој главен сојузник ) . Првиот човек на Голема Германија , е втор од антихристот во пишувањата на Нострадамус .

Гатачот го споменува и името Хистер . Смета дека ова е уште една игра на зборови во која е употребенп древното име на реката Дунав – Истр . Реката крај која Хитлер израснал во сиромашно семејство во тогашната Австро- Унгарија .

nostrada 2“Човек на име Де Гол ќе биде лидер 3 пати … и ќе биде прославен повеќе од сите монарси ” , пророкува Нострадамус . И таков човек навистина се појавува .

Францускиот генерал и политичар Шарл де Гол го предводи отпорот за време на Втората светска војна . По завршувањето на војната станува премиер . А во 1959 – та година е избран за прв претседател на Петтата француска република. 3 пати лидер.

Се смета дека атентатот врз Џон Кенеди исто та беше пророкуван од Нострадамус . Тој пишува за ” зло , кое ќе се префрли од високо на голем човек ” и појаснува дека невин човек ќе биде обвинет за злосторство . Вистинскиот виновник ќе остане мистерија , наведува гатачот .

Локално.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1