ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ НА 24 АПРИЛ – Груевски и Заев задоволни од договорот


Предвремените избори ќе се одржат на 24 април 2016 година. Во септември ќе биде именуван специјален јавен обвинител кој ќе ги отвори прислушувањето и Пуч. Во средината на септември опозицијата ќе се врати во Собранието.

Од 15 јануари 2016 година ќе биде назначен нов премиер до изборите а СДСМ влегува во 5 министерства. Оваа партија ќе ги предложи министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика. Заменици министри во министерството за финансии, земјоделство и информатичко општество ќе дојдат од редовите на СДСМ со право на вето.izbori livcinja

Ова се основните точки на договорот кој околу 1 часот по полноќ беше постигнат помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со посредство на комесарот Јоханес Хан и тројцата европски пратеници Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајгл.

– Постигнат е договор, избори ќе има. Задоволен сум од договореното што лидерите го потпишаа. Со ова се отвораат вратите на земјата за во ЕУ и НАТО, изјави со нескриено задоволство комесарот Хан според кого овој договор е “перфектен”, овој ден бил “одличен” а Македонија треба да биде “горда на своите лидери”.

ВМРО-ДПМНЕ ќе назначи нов премиер за период од 100 дена од 15 јануари 2016 година. Се согласивме од 20 октомври СДСМ, по претходна консултација до ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, да даде предлог за технички министер за внатрешни работи и личност која на ниту еден начин не се поврзува со некоја политичка партија, рече Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи новиот премиер но тоа треба да биде човек кој не е инкриминиран во доказите кои опозицијата ги објавуваше во овие месеци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1