Предвремени парламентарни избори во ноември?


Доколку пратениците од опозицијата предводена од СДСМ не се вратат во парламентот, во ноември ќе се распишат предвремени парламентарни избори, вели за телевизијата Телма, Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското собрание.

– Времето ќе покаже дали изборите ќе се распишат само за испразнетите 31. пратеничко место или пак за нови 123. Уставните рокови течат, мора да се стави крај на политичката криза. Нема простор за калкулации. Собранието ќе биде доведено до ѕид, не би посакал оваа политичка криза да заврши на таков начин, секој носи своја одговорност – вели Димовски за ТВ Телма.izbori livcinja

Едно од петте барања на СДСМ во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира техничка влада која ќе спроведе фер и демократски избори. На тоа ВМРО-ДПМНЕ одговори дека ниту сега, ниту во иднина ќе го прифати барањето за формирање техничка влада во која било форма.

– Подадовме рака и очекуваме СДСМ да донесе правилна одлука во наредниот период – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски викендов ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во законодавниот дом најдоцна до 8 октомври, кога всушност треба да биде објавен и Извештајот на Европската комисија. Доколку тоа не го сторат и го условуваат политичкиот дијалог, тогаш тој рече дека ќе биде принуден да свика седница на која ќе се констатираат оставките на пратениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1