Дете на возраст од 12 години вчера околу пладне било прегазено на улицата „Јустинијан Први“.
-Сообраќајна незгода се случила кога „Голф“ управуван од К.Б.(47) од Скопје удрил во 12 годишен пешак од с.Батинци-Скопје кој во незгодата се здобил во телесни повреди, информираат од полицијата.
Детето било пренесено во ГОБ-Скопје и по укажување на лекарска помош е пуштено на домашно лекување.