Преглед кај матичен не се наплаќа – ако сте платиле пријавете веднаш


Прегледот кај матичен лекар не се наплаќа. Не се наплаќа ниту ехо прегледот кај гинеколог, кој во здравствената легитимација е заведен како матичен лекар на пациентот.

sini-kartoni1Сите пациентки кои платиле 150 денари кај матичниот гинеколог, а при тоа имале само преглед, без било каква лекарска интервенција, случајот треба да го пријават во Фондот за здравство, охрабрува директорот на фондот, Јован Грповски.

Грповски додава дека прегледи се наплаќаат само кај стоматолозите. Во редакцијата на Ирис честопати стигнуваат поплаки од пациенти, кои се жалат дека одредени матични лекари земаат пари за прегледи кои се движат од 150 до 300 денари.
Извор – Ирис

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1