Откако ќе научите како индустриски преработената храна влијае на телото и умот, ќе ви биде полсено да им го свртите грбот на примамливата миризба на чипсот, или пак слатките. Еве девет добри причини зошто треба да јадете природна, а не преработена храна.
1. Пеработената храна предизвикува силна зависност
Телото, преработената храна ја преработува потешко од природната. Таквата храна обично премногу го стимулира производството на допамин, невротрансмитерите, одговорни за чувството на задоволство, поради кое постојано имаме желба за конзумација на лоша храна. Ова, конечно води кон дебелина и здраствени проблеми кои истата ги предизвикува.
2. Фосфатите се чести состојки во процесуираната храна
Процесуираната храна често содржи фосфати, кои ги уништуваат органите и коските. Фосфат додатоците се додаваат за подобрување на вкусот и дополнувањето на рокот на траење на истата. За истите адитиви се знае дека предизвикуваат здраствени проблеми, како пребрзо стареење, откажување на бубрегот и слабеење на коските, сметаат експерти од американскиот институт во САД Родал.
3. Свежата храна е поевтина од преработената
Луѓето зависници од брзата храна тврдат дека свежите и здрави намирници се прескапи. Но, според бројните истражувања и проценките, свежата храна која самите ќе ја подготвите е поевтина, по порција, од нездравите и преработени еквиваленти. Значи храната полна со хемикалии е всушност поскапа. Едноставно, не сте навикнати да готвите и не ви се познати цените на суровата храна.
4. Преработената храна предизвикува хронични воспалувања
Една од водечките причини за хроничните болки се воспалувањата. Голем број на истражувања покажале дека рафинираниот шеќер, индустриски осиромашеното брашно, рафинираното растително масло и многу други преработени прехранбени продукти, се одговорни за воспалителната епидемија. Значи, следниот пат кога вашето тело ќе посака чоколада, или соленки, земете го во обзир фактот дека истите може да предизвикаат срцево заболување, деменција, невролошки проблеми, респираторни проблеми, рак и болести поврзани со хронични воспалувања, чија причина се токму потрошувачката на преработената храна.
5. Процесуираната храна го уништува варењето
Кај секоја преработена храна, елиминирани се природните влакна, ензимите, витамините и другите хранливи материи и нешто порадо што може да го поремети нормалното варење. Честата потрошувачка на ваквата храна, може да го исфрли од рамнотежа внатрешниот екосостав преку оневозможување на корисните бактерии и зголемување на ризикот од инфекции. Така на пример една парче гумена бомбона, или торта направена од путер, брашно и рафиниран шеќер и адитиви, всушност претставуваат отрови за дигестивниот систем.
6. Процесиураната храна не е добра за мозокот
Честите конфузии, слабата концентрација и проблемите со размислување имаат тенденција да бидат поврзани со лошата исхрана. Една неодамнешна студија од Универзитетот во Оксфорд сугерира дека обработената храна има поврзаност со гневот и анксиозноста. Од друга страна природната храна која е богата со хранливи состојки, го подобрува расположеието, го враќа нивото на енергија потребно за одржување и резултира со смиреност.
7. Процесуиранта храна често содржи ГМО
Главните состојки на преработената храна се создадени во лабораторија, а не во природата. Генетски модифицирани организми кои се поврзани со неплодност, оштетување на органите, гастроинтестиналните нарушувања и ракот, се чести состојки во преработената храна. Често потрошувачката на овие токсини доведува до зголемување на телесната тежина, киселост во телото па дури и трајна промена на структурата и функцијата на цревната флора.
8. Процесуираната храна е преполна со пестициди
За да ефикасно создадат ГМО, земјоделците мора да користат глифостат и други хербициди и пестициди со кои можат да го завршат финалниот производ. Според податоците собрани од „Rodale“ институтот, само житариците содржат остатоци од 70 различни видови на пестициди, вклучувајќи и хемикалии кои се користат кај складирањето.
9 . Преработената храна не е храна
Понудете и виршла на вашата мачка и бидете сигурни дека таа нема да и се израдува, доколку не е премногу, премногу гладна. Всушност еден начин да се оцени хранливата вредност на храната е преку животните и на кој начин тие реагираат на бактериите и габите. Природната храна се расипува и на неа растат гнили и габи, додека преработената храна останува иста без оглед на тоа колку време поминало. Преработената храна во суштина е синтетичка, а прехранбената индустрија која ја произведува, признава, да за нејзино производство се потребни доста промени, за да се добие природниот вкус.