Прекинати преговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел


Српската делегација во Брисел, денеска ги прекина преговорите во рамките на дијалогот со Приштина, и итно се враќа во Белград. До ова доаѓа поради убиството на Оливер Ивановиќ, кој изутрината беше застрелан од засега непознат нааѓач во Северна Митровица.

Разговорите меѓу двете делагции, како што беше најавено, требаше да траат три дена, а требаше да се разговара за примената на постигнатите спогодби, за Заедницата на српски општини, за слободата на движење и за правосудството.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, за 12 часот закажал седница на Советот за национална безбедност на Србија, по што ќе има обраќање до јавноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1