Прекршочни постапки за лекарите што доцнеле на „Мој термин“


Вкупно 162 доктори три или повеќе од три пати месечно задоцниле подолго од еден час на првиот закажан преглед во денот. Лидер со бројот на задоцнувања во септември е трансфузиолог од Kрива Паланка – тој од 20 дена во амбуланта во септември, задоцнил со преглед повеќе од еден час во 15 дена, односно во 75 отсто од деновите кога е во амбуланта, покажала анализата од системот „Мој термин“.

– Почитувани доктори, прифаќам да ме критикувате, да зборувате против мене на секој пациент што ќе дојде во вашата ординација, да ме исмевате пред пријателите. Сето ова без проблем го прифаќам и без проблем ќе го поднесам. Но никако нема да прифатам и нема да дозволам пациентот да стои на закажан преглед пред вашата затворена врата еден или повеќе часа. Ова нема да го толерирам – рече министерот за здравство Никола Тодоров на вчерашната прес-конференција.lekari03

Тој најави дека податоците ќе ги достават до сите директори на јавните здравствени установи, со барање за три дена да почнат прекршочни постапки за дисциплинска неуредност за секој од докторите.

А во рок од 7 дена, посочи министерот, директорите треба да информираат дека е поведена постапка и во тој рок таа ќе биде завршена.

– Најмногу доцнења има кај докторите од овие специјалности: психијатрија (22 доктори), акушерство и гинекологија (15), интерна медицина (14), офталмологија (14), ортопедија (11), педијатрија (11). Здравствени установи со најмногу доктори што доцнат се: Општата болница во Дебар, каде што 28 отсто од докторите задоцниле повеќе од еден час најмалку три пати во септември, Kлиниката за неврохирургија со 20 отсто од докторите, Општата болница во Струмица со 19 отсто од докторите кои прегледите ги почнале со задоцнување од најмалку еден час – рече Тодоров, кој нагласи дека во Градската општа болница „8 Септември“ и во Kлиничката болница во Тетово помалку од 5 отсто од докторите задоцниле со прегледување на пациентите според закажаните термини.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1